Утре почнува 23. Интернационален фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“
Со претставата „Каинова лузна“ на театарот од Шабац, Србија, утревечер во Струмица ќе почне 23-тиот Интернационален фестивал на камерен театар (ИФКТ) „Ристо Шишков“.
Директорот на Фестивалот Ванчо Патриков соопшти дека годинава за Медалјонот со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра ќе се натпреваруваат околу педесетина актери во 12 претстави.
- Фестивалот на актерот годинава ќе трае пет дена во кои љубителите на театарската уметност ќе проследат 12 претстави на театри од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и Ерменија, а во чест на наградениот актер во сабота ќе ја проследиме претставата „Кирил и Методиј-Кој си ти !?“ во изведба на актерите од НТ „Војдан Чернодримски” од Прилеп, рече Патриков.
Годинашното 23-то издание на ИФКТ „Ристо Шишков“ финансиски е подржано од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Советот на Европа за култура и Општина Струмица.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите