Утре облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
Под влијание на влажен и студен бран утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен вете,и над 60 километри на час.
Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.
Во Скопје денес и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во повисоките делови од котлината во текот на ноќва и утре врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа