Утре наутро со магла по котлините, преку ден сончево со умерена облачност
– Утре претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во наредниот период продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.
Ново на Сител
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)