Македонија
25. January 2019 - 16:29

Утре мирен протест против загадувањето

Маршот против загадувањето ќе се одржи утре со почеток во 13 часот пред Собранието и ќе продолжи до Владата. Итна седница на Владата за справување со големите загадувачи ќе биде едно од барањата на граѓанската иницијатива. Апелираа протестот да не се политизира и ги повикаа сите  загрижени граѓани, екологисти , здруженија, невладини, експерти да им се приклучат.

Во меѓувреме професори од ФИНКИ и Земјоделскиот факултет ја презентираа Турбо Анти Смог машината за чистење на воздухот која им ја донира Телеком. Поддршката ја добија по успешниот експеримент кој лани го спроведоа во општините Аеродром и Куманово. Аеросолната метода работи на вода, за 8 часа чистење еден атомизер би потрошил околу 200 евра. Во оваа сума се  вклучени горивото, водата и дневницата а ќе  елиминира  од 30 до 70 проценти штетните ПМ честички во воздухот.

Во услови кога Скопје се искачи на првото место на листата  најзагадени градови во светот, локалната самоуправа не покажала интерес за соработка со професорите кои го  создадоа  Анти  смог атомизерот. ФИНКИ повеќе од една деценија работи на  иновации од областа на екологијата.