Утре конститутивна седница на новиот Хрватски сабор
Утре на пладне во Загреб ќе се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот Хравтски сабор, чии членови беа избрани на 8 ноември.
Како што јави Хина, седницата ја закажа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во средата, откако Татковинската коалиција, предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), и партијата Мост постигнаа договор за формирање парламентарано мнозинство и го предложија бизнисменот Тихомир Орешковиќ за мандатар за состав на новата влада.
Седницата првично беше закажана за 3 декември, но беше прекината набрзо по нејзиниот почеток, откако единствениот кандадат за претседател на Саборот, Роберт Подолњак од партијата Мост ја повлече својата кандидатура, затоа што беше јасно дека нема да добие доволно гласови за да биде избран на функцијата, во услови кога не постоеше договор за обезбедување парламентарно мнозинство.
Согласно договорот меѓу Татковинската коалиција и Мост, кандидат за претседател на Саборот на утрешната седница ќе биде Жељко Рајнер од ХДЗ, кој се очекува да биде избран на функцијата без проблеми, имајќи предвид дека нивното парламентарано мнозинство брои 78 пратеници, а за избор се потребни најмалку 76 гласа.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот