Утре ќе работат училиштата, шопинг и административните центри во Брисел

Училиштата, шопинг и административните центри во главниот град на Белгија, Брисел, во текот на утрешниот ден ќе работат и функционираат нормално и покрај тоа што во белгиското кралство е на сила четврто ниво на закана од теорристички напад, јави дописникот на МИА од Брисел.
И покрај најавите, клучните бриселски институции утре ќе работат, одлучи градската администрација на Брисел, по денешните терористички напади на аеродромот и во бриселската метро-станица Малбек, во кои загинаа вкупно 30 лица, а над 200 беа повредени.
Премиерот на Брисел, Руди Вервоорт, по состанокот на регионалниот совет за безбедност со градоначалниците на 19 општини од Брисел и шефовите на локалните полициски области, соопшти дека забраната за културни и спортски настани и посета на туристички локалитети ќе важи само до вечерва и порача дека враќањето на четвртото ниво на закана за целата територија, по теориристичките напади на Париз од минатата година, „овојпат нема да го заклучат Брисел“.
Според Вервоорт, властите, исто така, ја проучуваат можноста за организирање автобуски превоз на површината на централните метро-линии каде на станицата Малбек се случи теорирстичкиот напад, додека линиите 2 и 6 се очекува од утре нормално да функционираат, заедно со трамвајскиот и автобускиот превоз.
Во однос на аеродромот Завентем, тој ќе остане затворен и утре, објави извршниот директор на бриселскиот аеродром Арно Фист.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
