Утре истекува рокот за поднесува ГДП до УЈП, се очекуваат уште 100 илјади
Утре истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.
Последните податоци на УЈП покажуваат дека досега се поднесени вкупно 334.360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден во УЈП очекуваат да бидат поднесени уште околу 100 илјади ГДП.
Најмногу или 125.165 пријави се поднесени во Скопје, во Битола 46.400, Тетово 28.621, Струмица 29.982, Прилеп 45.652 и Штип 58.540 годишни даночни пријави.
Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.
- Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10.00 до 14.00 часот.
За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Пронајдена експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар