Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе положи заклетва за својот втор петгодишен мандат. На инаугурацијата во Претседателската палата на Пантовчак ќе присуствуваат околу сто гости, меѓу кои и четворица потпретседатели на Саборот, но никој од Владата.
Милановиќ повторно беше избран за претседател на 12 јануари, кога во вториот круг го победи својот противкандидат Драган Приморац, поддржан од ХДЗ.
Инаугурацијата, која ќе започне утре на пладне, ќе ја следат поранешни претседатели на државата, претставници на институции и здруженија, припадници на вооружените сили, верски лидери, лидерите на партиите што го поддржаа Милановиќ, како и неговото семејство и пријатели.
Свеченоста ќе започне со постројување на Почесната гарда пред Претседателската палата, а потоа претседателот Милановиќ со сопругата Сања ќе влезе во свечената сала, каде што ќе бидат поканетите гости и судиите на Уставниот суд.
На оваа инаугурација ќе има повеќе гости отколку пред пет години, кога присуствуваа околу 40 лица. Меѓу гостите ќе бидат и тројца поранешни претседатели – Стипе Месиќ, Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ.
Милановиќ испратил покани до премиерот Андреј Пленковиќ и потпретседателите на Владата, но тие нема да присуствуваат. На свеченоста нема да дојдат ниту претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и потпретседателот Жељко Рајнер од ХДЗ, кои се извиниле.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем