Утре и задутре привремен сообраќаен режим на булеварот „АСНОМ“
Град Скопје информира дека утре поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булеварот „АСНОМ“ во Општина Аеродром, ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
– Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Васко Карангелевски“, за сообраќај ќе се користи сервисната улица меѓу хотел „Хилтон“ и хотел „Русија“, се вели во соопштението од Град Скопје.
В сабота од 7 до 18 часот поради градежни активности на булеварот „АСНОМ“ во близина на мостот „Тодор Александров“, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.
Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот