Утре ден за високи гости на вежбата „Брз одговор 22“
На Армискиот полигон „Криволак“ утре ќе се реализира Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“), при што ќе бидат презентирани воздухопловно-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Црна Гора, Грција и Албанија.
На денот за високи гости, како што најавија од армискиот Генералштаб, меѓу другите ќе присуствуваат и шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, собранискиот претседател Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, амбасадорите на САД, Велика Британија, Италија, Франција, Албанија и Црна Гора, заменик на командантот на американската Армија за Европа и Африка, генерал-мајор Петер Ендрусјак, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и на НАТО и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.
Во рамки на Денот за високи гости предвидени се обраќања на министерката Славјанка Петровска, заменик командантот на Армијата на САД за Европа и Африка, генерал-мајор Ендрусиак и командантот на борбениот тим на британската 16. Воздухопловна бригада, бригадир Николас Коули.
„Брз одговор 22“ е досега најголема мултинационална вежба во земјава од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која ќе се реализираат воздушни десанти во овој обем.
Вежбата ќе има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на Армискиот полигон „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
