Утре четврт круг на гласање за нов претседател на Албанија
– Во албанскиот Парламент утре ќе биде спроведен четвртиот круг на гласање за нов претседател на државата, јави дописничката на МИА од Тирана.
Пленарната седница е закажана за 18 часот.
Претходните три пропаднаа поради немање кандидатура, бидејќи владејачките социјалисти и парламентарната опозиција не постигнаа консензус.
Уставот предвидува пет круга за гласање. Во првите три потребна е поддршка од 84 од вкупно 140 пратеници, што социјалистите ги немаат, додека во следните два 71 поради што не им е проблем да изберат свој кандидат.
Попладнево, претседателството на партијата ќе одржи седница на која ќе се расправа за конкретни имиња.
Најчесто споменувани имиња за наследник на актуелниот Илир Мета се поранешниот премиер и лидер на ПС, Фатос Нано и демократката Мајлинда Брегу, актуелен генерален секретар на Советот за регионална соработка.
Мандатот на актуелниот, седми претседател, по падот на комунизмот, Илир Мета завршува на 24 јули.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка