Утре без струја фирмите во комплексот МЗТ во општина Гази Баба
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе биде цел Комплекс МЗТ, поточно сите фирми во кругот на Стар Металски завод Тито, во Општина Гази Баба
Како што информира РЦУК-Скопје по известувње од ЕВН, во понеделник , пак,без струја ќе бидат повеќе објекти на улица „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.
Од 08:30 до 10:00 часот и од 14:00 до 15:00 часот, без електрично напојување ќе биде индустрискиот дел од сервис Џерси до ул.1520 и главен влез на ОХИС, од 08:30 до 16:00 часот, подулица 1 , подулица 7. и објекти во близина на склад Макпетрол покрај пругата, а од 09:00 до 15:00 часот, подулиците со бр. 18, 4, 8, 12, 10, 6. ( Општина Кисела Вода )
Во понеделник без струја од 09:00 до 15:00 часот, ќе биде и дел од улиците: Миле Поп Јорданов, Стогово, Џумајска, Братфордска и улица Козле бр. 32. во Општина Карпош.
По известувње, пак од ЈП Водовод и канализација во понеделник заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-300мм на раскрсницата на ул. Босна и Херцеговина со ул. Кемал Сејфула, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Босна и херцеговина, ул. Костурска како и објектите на Поликлиника – Чаир и Медицина на трудот во Општина Бутел.
Поради отстранување дефект на ПП Хидрант на ул. Михаил Чаков бб, во понеделник од 09:00 часот до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков и ул. Ѓорѓи Сугаре во Општина Кисела Вода
Во истата општина во понеделник, поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 300мм на ул. Народни Херои (кај ОУ Кирил Пејчиновиќ), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Народни Херои и ул. Пушкинова.
Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф 200 мм на Бул. Партизански одреди, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување во понеделник ќе останат и корисниците од околните објекти во близина на ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на Горење во Општина Карпош.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп