Утре без струја делови од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар, Студеничани и Аеродром

Без снабдување со електрична енергија во текот на утрешниот ден ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар, Студеничани и Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Марко Орешковиќ“, ул. „4“, и дел од ул. „Мариовска“ 1, 3, и 5, во Општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:30 часот, дел од корисниците од – канцеларија на нотар Ана Јалокоска, канцеларија на адвокат Рајна Марковска, главната улица што води према Дојрана, Техноимпекс, бурекџилница Кум, Фат Фур, семафори на раскрсницата на бул. „Александар Македонски“ и дел од ул. „808“ во Општина Гази Баба.
Во периодот, пак, од 08:30 до 13:30 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од дел од ул. „Елисие Поповски“ во Општина Центар,, во периодот од 13:30 до 14:15 часот, корисниците од дел од ул. „Јани Лукровски“ зграда број 2, Општина Гази Баба, а во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од фирмите Овалекс, Бима Нутс, Героскар, Вилагер, Техноимпекс, бурекџилница Кум, Фат Фур, канцеларија на нотар Ана Јалкоска, главната улица што води кон Дојрана, Дојрана, Банеста, Ролопласт, Стиринг, Мега Ауто, Хоме Концепт, дел од ул. 808, семафори на раскрсницата на бул. Александар Македонски и адвокат Рајна Марковска, во Општина Центар.
Без струја во периодот од 14:15 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Лазар Поп Трајков“ зградите 25, 27, 29, 31 и 33, во Општина Гази Баба, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Батинци во Општина Студеничани, а во периодот од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул. „1“ во село Долно Лисиче во Општина Аеродром.
Ново на Сител
-

ГОБ „8 Септември“ доби нова хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти
-

Следува период на суво и стабилно време со студени утра и магла во некои котлини
-

33-годишник се возел со „калашников“ во Арачиново
-

Струмица: Инспектор добил отказ па наместо да го предаде пиштолот го извадил и испукал куршум
-

Уапсено лице од велешко, возел со 2,84 промили алкохол во крвта
-

Единаесет месеци затвор за родителот од „Шкупи“, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница
-

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
