Утре без струја делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во електро-мрежата утре од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од ул. „Букурешка“, општина Карпош, 08:30 до 11 часот корисниците од дел од ул. „Франклин Рузвелт“ (на потегот од ул. Васил Ѓоргов и ул. Народен Фронт) и дел од ул. „Васил Ѓоргов“, во општина Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Од девет до 14 часот ќе немаат струја корисниците од дел од населбата Кисела Јабука, подулица бр. 50, и дел од село Волково, подулици 70 и 95, во општина Ѓорче Петров, од 08:30 до 11:00 часот корисниците од делови од улиците „Востаничка“ (куќни броеви 1А, 1Б, 24А и 24Б), „Славејко Арсов“ и „Рилски Конгрес“, во општина Центар, од девет до 13 часот корисниците од ул. „Париска“ бр. 8, 18 и 20, во општина Карпош, од 11:30 до 14:00 часот корисниците од Бул. Србија (куќите со броеви од 1 до 20 А и Б), во општина Аеродром.
Без струја утре од девет до 10 часот ќе останат корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“ бр.19, во општина Центар, од девет до 15 часот од ул. „2“ во село Долно Лисиче., во општина Аеродром, од 11:30 до 15 часот корисниците од дел од ул. „Пролет“, делови од булеварите „Кочо Рацин“, „Македонија“ и „11 Октомври“ од бр. 32 од 46 во општина Центар, од 8:20 до 14:30 часот корисници од дел од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ (од Завод за дератизација до ул. „Ферид Бајрам“) и дел од ул. „Рокомија“ во општина Чаир.
Утре од 08:30 до 09:30 часот ќе нема струја кај корисниците од ул. „1513“ во населба Пинтија во општина Кисела Вода, а од девет до 14 часот корисниците од ул. „Ѓорче Петров“ од бр. 147 до 157 во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
