Утре без струја делови од населби во неколку скопски општини

Поради технички зафати во електромрежата, утре, од 08:30 до 11:00 часот, без струја ќе бидат корисници од дел од ул. „Дрезденска и Алжирска“ во општина Карпош, а од 08:30 до 11:30 часот, корисници од делови од улиците „Аминта Трети“ и „Никола Тримпаре“ во општина Центар, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Утре од девет до 12 часот ќе немаат струја и корисниците од дел од бул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“, односно објектите во близина на Интернационалното училиште - Нова, во општина Карпош, а од девет до 14 часот, корисниците од дел од ул. „10“ во нас. Сарај, како и корисниците од дел од ул. „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари.
Прекин во снабдувањето со струја утре од девет до 15 часот ќе има кај корисниците од ул. „Дренак“, ул. „367“, дел од ул. „Невена Ѓоргиева Дуња“ и дел од ул. „Балзакова“ во општина Кисела Вода, а од 13 до 14 часот, корисниците од дел од ул. „Доситеј Обрадовиќ“, ул. „Дино Петров“, дел од ул. „Димо Хаџи Димов“, ул. „Мишко Михајловски“ и ул. „Тоне Томшиќ“ во општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
