-->
-->
Утре авионско прскање против комарци во Куманово
-->

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре на подрачјето на градот во раните утрински часови ќе се изврши трето авионско прскање против комарци за тековната година. Од општината аплираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата против комарци ќе се одложи за наредниот ден во утринските часови. Претходните две прскања се извршија на почетокот и крајот на јуни.
За оваа година општина Куманово одвои милион и 299.000 денари без ДДВ за три авионски прскања против комарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
