-->
-->
Утре авионска дезинсекција против комарци во Кумановско
-->
Утре во периодот од 05 до 08 часот ќе се спроведе трета фаза од авионската дезинсекција против комарци на подрачјата кои беа зафатени од поплави на почетокот од годинава, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи-Куманово.
Авионската дезинсекција ќе се изврши на поплавените подрачја во Кумановско по течението на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река.
Од Центарот за јавно здравје апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки и да ги заштитат кошниците за време и неколку часа по запрашувањето.
Ова е трета вонредна дезинсекција организирана од Министертството за здравство која се спроведува поради поплавите што зафатија неколку региони во Македонија, во рамки на Акцискиот план за спречување појава и ширење вектор преносливи болести, со посебен акцент на комарци и крлежи.
Првата вонредна авионска дезинсекција што ја организира Министерството за здравство во кумановско беше спроведена на 22 јули, а втората на 20. август годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот
-
Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“
-
Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија