-->
-->
Усвоена Националната стратегија за млади 2016-2025
-->

Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за млади 2016-2025 година.
Процесот на креирање на оваа втора Национална стратегија ја предводеше Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP).
Како што соопшти Агенцијата, креирањето на овој документ е резултат на работни групи во кои беа вклучени учесници-претставници на невладини организации, институции и млади луѓе кои заеднички дискутираа за деветте приоритетни области содржани во стратегијата: младинско учество, локална младинска работа, младинско информирање, вработување, образование, култура, спорт, здравје и квалитет на живеење.
По креирањето на нацрт текстот, Стратегијата беше презентирана во рамки на јавните дискусии низ Република Македонија, по што, како завршен настан на крајот на 2015 година беше одржана голема јавна расправа, која опфати учество на повеќе од 100 учесници.
- Процесот на изработка на оваа стратегија која ќе придонесе за подобрување на состојбата на младите во рамки на деветте области, беше еден од најинклузивните и транспарентни процеси со учество на преку 500 заинтересирани претставници од засегнатите страни во младинскиот сектор, наведува Агенцијата.
Во текот на 2016 година се очекува да се изработи и акциски план за спроведување на активностите предвидени со Стратегијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
