Усвоен Законот за амнестија

На денешната седница Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија.
Владата го задолжи Министерството за правда да го преработи текстот на Предлог-законот за амнестија, како текст на предлог-закон кој се носи во редовна постапка и да предвиди одредба со која ќе биде дефиниран датумот, дека истиот се однесува за кривични дела предвидени со одредбите од овој предлог – закон сторени до 20.9.2017 година.
Владата, како што соопшти прес-службата, ја истакна потребата од организирање јавна расправа и отворена дебата на оваа тема и го задолжи Министерството за правда истите да ги организира по текстот на одредбите од Предлог-законот, и пред Владата да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог-законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и отворени дебати.
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
