Усвоен буџетот на Општина Охрид за 2020 година проектиран на над 1,2 милијарди денари
Советот на општина Охрид на денешната 37-ма последна седница за оваа година го изгласа буџетот за 2020 година, со вкупни приходи во износ од 1.231.170.000 денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 673.068.143 денари.
Со средствата од буџетот предвидени се реконструкција на улиците „1-ва Македонска Ударна Бригада“, „Охридска Бригада“ и „Марко Цепенков“, реконструкција на улици во населбата „Христо Узунов“, изградба на тротоари и велосипедски патеки на улицата „15–ти Корпус“, изградба на атмосферска канализација на улицата „7-ми Ноември“. Исто така превидена е изградба на нови паркинг-места, партерно уредување на плоштад „Крушевска Република“, а предвидени се и средства за првата фаза од уредување на речно корито на река „Грашница“ на потег од булевар „Туристичка“ до улица „Железничка“ и изградба и реконструкција на детски игралишта во општината.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески кој го посочи буџетот како исклучително развоен со многу капитални инвестиции, додаде дека преку средства одобрени од Владата преку ЕБОР ќе се реконструира горниот строј од улица „Абас Емин“, додека изведбата на нова водоводна, канализациона и атмосферска линија ќе се финансира преку Светска банка, а носител ќе биде Министерството за транспорт и врски. Тој уште рече дека предвидени се и повеќе средства за експропријација што во дел ќе се искористат за експропријација на парцелата каде што е предвидена изградба на катна гаража по моделот на јавно приватно партнерство.
Во делот на јавно осветлување предвидени се 9,5 милиони денари за проширување на постојното јавно осветлување со изградба на нови мрежи и сијалични места. Планирани се и 16 милиони денари за капитални инвестиции во основните и средните училишта, како и 3,7 милиони денари за комплетна санација на сите санитарни јазли во основните училишта, издвоени се средства и за замена на азбестни кровови и за промена на подови и столарија.
Во средните училишта капиталните инвестиции ќе се реализираат со блок дотации како резултат на остварените заштеди и зголемени средства. Во делот на образованието издвоени се и 4,5 милиони денари за стипендии за ученици во основно и средно училиште и студенти, по спроведен конкурс.
Ново на Сител
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната