Уставниот суд не поведе постапка за иницијативата за Советот на факти

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативите на Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на јавниот обвинител во пензија Бардил Кука за оценување на уставноста и законитоста на членот 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија.
Со членот 6 од Законот се предвидува пензионирани правници, јавни обвинители, универзитетски професори и адвокати да можат да бидат членови на Советот. Тие треба да имаат непрекинат стаж од 15 години во својата дејност.
- Со членот 6 од Законот е предвидено Советот да има девет члена и тоа: три члена од редот на пензионирани судии од кои еден да е припадник на заедниците кои не се мнозинство, три члена од редот на јавни обвинители од кои еден да е припадник од заедниците кои не се мнозинство, два члена од редот на пензионирани универзитетски професори од правните факултети од универзитетите во Македонија од кои еден член да е од редот на припадниците кои не се мнозинство, и еден член на Советот да е од редот на пензионирани адвокати. сите членови треба да имаат непрекинат стаж од 15 години во својата дејност и да се со истакнати резултати во своето работење, појаснуваат од Уставниот суд.
Постапката не е поведена затоа што, како што велат од Судот, нема основ за уставно проблематизирање на одредбата, бидејќи законодавецот има право да ги определува условите за вршењето на дејноста на членовите на овој Совет.
Членовите на овој Совет немаат надлежност да водат постапка, туку ги разгледуваат фактите и да даваат предлог за водење постапка за одредени судии кои сметаат дека незаконито си ја вршат својата работа.
На денешната седница не беше поведена постапка за иницијативата поднесена на членот 5 од Кодексот за административни службеници, бидејќи Кодексот е акт со кој се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници.
Целта на овој Кодекс е поттикнување на доброто постапување и однесување на административните службеници и зајакнување на довербата на граѓаните во работата на институциите од јавниот сектор.
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
