Уставниот суд не дозволи поголеми права за германската опозиција
Уставниот суд на Германија го отфрли барањето на „Левицата“ која што побара поголема моќ за опозицијата во Бундестагот каде што таа има помалку од една четвртина од пратениците.
Барањата на опозицијата се однесуваа на промена на процедурите со кои таа би добила поголема можноста да се спротивстави на одлуките на владата. Според едно од правилата наречено „Жалба за контрола на нормативите“ во случај на несогласувања со предлог законите опозицијата може да испрати барање за ревизија од уставниот суд но само дококу тоа е поддржано од една четвртина од пратениците. Со оглед на тоа што Левицата заедно со „Зелените“ во Бундестагот од вкупно 630 места имаат само 127 или околу 20 отсто тие не можат да го остварат ова право.
Уставниот суд во Карлсруе денеска пресуди дека нема уставна можност да се смени правилото и се додека опозицијата не најде поддржувачи за своите жалби од редовите на владејачката колаиција нема да може да ги спречува одлуките на владеачката коалиција.
Според опозициските пратеници однесувањето на „Големата коалиција“ во која се двете најголеми политички партии ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократите ја оценуваат како арогантна употреба на власта која што не е корисна за земјата.
Ново на Сител
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите