Македонија
6. May 2020 - 14:14

Уставен не ја прифати иницијативата за свикување на Собранието

На денешниот работен состанок Уставниот суд едногласно одлучи да не ја прифати предлог иницијативата на судијата Осман Кадриу да се покрене постапка за оценување на уставноста на одлуката на Собранието за распуштање.

Образложението на судиите е дека за ова прашање судиите веќе одлучувале на седницата одржана на 8 април и дека не постои можност за повторно одлучување.

 

Деспина Тодоровска