„УСС Коронадо“ повторно не работи
И четвртиот американски разорувач од последната серија - „УСС Коронадо“, се расипа. Во последниве девет месеци, тоа е четврти ваков случај со најновата генерација воени бродови, кои инаку се исклучително скапи и важат за -„гордоста на Американската морнарица“.
Во соопштението на Американската морнарица од вчера се наведува дека бродот бил на пат кон воената база Перл Харбор, кога се случил „големиот инженерски дефект“. Подробности се очекуваат по деталната проверка, пренесува „Блиц“.
Два дена претходно, Американската морнарица објави дека и кај друг разорувач, „УСС Фридом“, настанал дефект, кога во системот влегла вода и го оштетила моторот. Претходно откажа и „УСС Џералд Форд“, најскапиот од „флотата на иднината“.
Ова значи дека на четири од вкупно шест бродови од новата генерација скапи воени бродови им се случиле сериозни и необјасниви механички дефекти, за само девет месеци.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје