-->
-->
Успешно лансиран носач на ракета „Сојуз“ од новиот руски космодром Восточниј
-->

Носачот на ракета „Сојуз-2.1а“, со три вселенски апарати, успешно е лансиран од новиот руски космодром Восточниј, информира руската вселенска агенција „Роскосмос“, цитирана од ТАСС.
- Стартот на носачот на ракетата мина успешно, рече претставник на државната корпорација.
„Сојуз-2.1а“ требаше да биде лансиран вчераутро, но во последен момент автоматските системи го откажаа истрелувањето во орбитата.
Непосредно по лансирањето, ракетата во орбитата ги изведе сателитите „Ломоносов“, „Аист-2Д“ и „SamSat-218“, изјавија од вселенската агенција.
Претходно ТАСС јави дека рускиот претседател Владимир Путин пристигнал на космодромот за да го набљудува вториот обид за лансирање на ракетата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
