-->
-->
Успешно извадена дијабола од окото на повредениот малолетник од пехчевски Чифлик
-->
Успешно е извадена дијаболата од окото на малолетното лице од пехчевски Чифлик, кое на 17 јануари беше погодено со воздушна пушка во Пехчево. Информацијата е потврдена од беровската полиција, каде на 23 јануари било пријавено дека Јавната установа – Очна клиника Скопје, истиот ден примила малолетно лице од пехчевското село Чифлик кое имало повреда на окото.
Во известувањето на Очната клиника до беровската полиција се вели дека на лицето му била извршена хируршка интервенција, при што од окото е извадена дијабола од воздушна пушка.
Претходно, на 22 јануари во 15 часот во службените простории на Полициската канцеларија Пехчево повикан е П.Ч (46) во чија семејна куќа на ул„Славчо Кацарски“ во Пехчево малолетното лице на 17 јануари околу 17 часот се здобило со повредата. Како што информираат од СВР Штип се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице