-->
-->
Успешен 12 состанок на Македонија и ЕУ во Советот за стабилизација и асоцијација
-->
Македонија и Европската унија вчера одржаа успешен 12-ти состанок во рамки на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел. Истиот, според вицепремиерот и министер за надворешни рбаоти на Словачка, Мирослав Лајчак, кој заедно со македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски копретседаваше со денешнито Совет, ги потврдило силните и блиски односи на ЕУ и Македонија.
Според Лајчак, денеска имало искрена размена на мислења, со целосен политички аспект на односите меѓу ЕУ и нашата земја, како и дел од техничкиот аспект на ССА, јави дописникот на МИА од Брисел.
- Традиционално ЕУ продолжува со градење мостови преку дијалог во општествотото, со граѓанското општество, со претставници на медиумите, со различните етнички во земјата и со соседите во регионот. ЕУ дава силна поддршка за договорот од 2-ри јуни и Протоколот на истиот потпишан на 15-ти јули. Овој процес и транзициската фаза од сега, па до изборите во април 2016 година дава можност за земјата и ЕУ ги повикува сите политички лидери да го искористат ова. Партиите во целост да го исполнат Протоколот и во добра волја. Попоски и Бесими потврдија дека пораката е разбрана во Скопје, посочи Лајчак.
Македонскиот министер Попоски, пак, посочи дека денеска е разговарано за постигнатиот политички договор што стави крај на политичката криза и како да се вратат перспективите за Македонија за почеток на преговорите и членство во ЕУ. Тој рече дека со Бесими се заложиле договореното меѓу лидерите на најголемите политички партии е добра основа за надминување на предизвиците и справување со одреднеи слабости, особено во правдата и внатрешните работи, кои се главни поглавја и полиња на кои ЕУ посветува посебно внимание во делот на ЕУ-интеграцијата.
- Од наша страна се очекува концентрација за доследно спроведување на акцискиот план што ги адресира препораките на Европската комисија и иситот е предмет на координација и консултација за чие исполнување ќе дискутираме и преку Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛА) од септември. Ние ги уверивме нашите партнери од ЕУ дека сериозно ќе се посветиме на овие задачи што се пред се важни за нашите граѓани во Македонија за натамошен економски развој и политичко стабилизрање на опкружувањето. Можност е преку надминување на кризата да се утврдат конкретни чекори што ќе го откочат патот на Македонија кон членство во ЕУ, истакна Попоски.
Шефот на македонската дипломатија рече дека покрај за реформи, дискусијата на Советот со ЕУ била и за унапредување на добрососедските односи и за регионална соработка. Тој рече дека договорените мерки за практична соработка со Грција и напредокот во комуникацијата со Бугарија одат во насока на зајакнување на довербата и се предуслов за подобри и поконструктивни односи со двата соседи што се дел од ЕУ и оти се очекува да бидат препознати во прогрес-извештајот на Еврокомисијата.
- Неопходно е да се стави фокус на пристапните преговори на Македонија и нивно отпочнување, што сериозно ќе помогне во насока на зајакнување на кребилитетот на ЕУ-интеграциите. Луксембуршкото претседателство со ЕУ и идните претседателства ќе бидат суштествени за одржување на европерспективата во Македонија и за позитивен развој во нашиот регион - додаде Никола Попоски.
Комесарот Хан, пак, на прес-конференцијата по крајот на денешниот Совет, посочи дека со македонските министри е дискутирано и за миграцискиот притисок и за потребните економски реформи на Македонија.
- Јас самиот сум среќен што можевме да најдеме договор минатата недела и мислам дека е важно и по една недела, да се подвлече дека нема време за губење. Нема празници, барем не за институциите и секој може да оди на одмор, но институциите да бидат таму и да продолжат со имплементација. Фиксно е до 15 септември да има специјален обвинител, не да се номинира дотогаш, туку да се направи подготвителна работа за да се постигне целта. За сите други крајни рокови што се поставени до предвремените избори во април 2016 година, ЕК останува подготвена да помогне, но одговорноста е кај Владата и политичките партии во Скопје, потенцираше Хан.
Еврокомесарот за преговори за проширување истакна и дека се разговарало и за мерките за итни реформи што мора да се имплементираат, препораките на експертот Прибе и се друго во рамки на договорот од 2 јуни.
- Препораките да се имплементираат и Парламентот во Македонија да постави нацрт како истите да ги спроведе, посебно додека опозиција се врати во Парламентот и работата да се одвива таму. Кога станува збор за реформите што се потребни за понатамошен развој на земјата, важно е дека сакам во септември при Пристапниот дијалог да можеме да преземеме акции за прогрес на земјата и има други меѓународни настани каде можеме да погледнеме на прогресот. Важно е да се разбере дека договорот не е гаранција за посебен изглед на прогрес-извештајот на Комисијата, но важне е дека истиот се постигна во последен момент, за земјата да може да ја одржи вратата отворена за евроатлантските перспективи, дециден е Хан.
Еврокомесарот рече дека и за можната иднина на Македонија има неколку движења со соседите и што се позитивни и оти треба да се работи на тоа. Сепак, според Хан, важно е да се зголеми видливост на ЕУ во Македонија и да им се покаже на граѓаните додадената вредност на евро-членството на земјата во европското семејство.
Вицепремиерот Бесими, пак, рече дека Советот за стабилизација и асоцијација со ЕУ бил можност за заедно со Попоски да ја покажат сериозната посветеност и приоритетите на Македонија евро-перспективите и нејзината евроатлантска иднина.
- Ова е од супстенцијална гледна точка, за меѓуетничка кохезија и социјална кохезија во земјата оти кога ќе ги видите анкетите, граѓаните на Македониај се уште ја поддржуваат нашата евроатлантска иднина. Ова е порака што дојде од граѓаните на Македонија. Интересот на граѓаните е на прво место, а тоа е Македонија во иднина да биде во евроатлантското друштво. Сакаме да напредуваме и да добиеме преговори за членство во ЕУ, посочи Бесими.
Тој рече дека во Македонија е направена реформска агенда во Акциски план, каде се предвидени реформи во поглед на слободата на изразување, судството, владеењето на правото и деполитизација на јавната администрација, изборен законик, економско управување и регионална и билатерална соработка на евроатлантскиот процес од реформи.
На прашањето на дописникот на МИА од Брисел како Комисијата планира да го заштити договорот од 15 јули од злоупотреби, посебно што иако во него нема наведено, сепак опозицијата бара и раководни позиции во некои јавни установи и како истото може да се спречи без нова криза, комесарот Хан истакна дека уверува оти ќе дојде во Скопје неколку пати во иднина, а дека следниот пат тоа ќе биде на 18-ти септември оти тогаш ако се биде како што треба, ќе продолжи Пристапниот дијалог на високо ниво.
- Второ, има сеопфатни препораки од страна на ЕУ-институциите и ова ги покрива и областите поврзани со МРТВ и меѓудругото, подготвувањето избори покрива и вклучува и вакви области и знам дека има внатрешни дискусии меѓу партиите и радосен сум да кажам дека не е се допрено во договорот од 2 јуни и се надевам дека меѓу партиите ќе можат да се договорат на дополнителни прашања и области оти тоа е дел од нивниот политички живот. Ние посредувавме, но не можевме се, искрен е комесарот Хан.
За тоа дали на денешниот Совет на ЕУ е дискутирано дека Грција нема повеќе да става блоокади на евроатлантското пристапување на Македонија, словачкиот министер Мирослав Лајчак рече дека за неговата земја, проширувањето на ЕУ е многу важно и е меѓу приоритетите на нивното претседателство со Унијата што ќе се случи за една година. Лајчак речи дека пристапувањето зависи од земјите во регионот на Балканот, но дека процесот трае, доказ се преговорите со ЕУ на Црна Гора, скорешниот почеток на истите на Србија и слично и дека се зависи од напорите на секоја земја од регионот.
- Сакаме да видиме позитивни вести од вашата земја и да ја искористам оваа можност да истакнам дека ги ценам напорите на комесарот Хан и посветеноста на политичките лидери, заради што го имаме Протколот од 15 јули. Ова е пресвртна точка и сакаме да спречиме негативен развој и земјата да се врати на европската патека, да исполнува критериуми што се нотирани во прогрес-извештајот што годинава во октомври ќе го издаде Еврокомисијата. Потребна е посветеност на секоја земја и истата да ги исполни очекувањтаа на ЕК, а ние земјите-членки ќе бидеме задоволни да бидеме дел од успешен процес на продолжување на процесот на прошитување, потенцира Лајчак.
За обвинувањето од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ ги минирал денешните преговори на работните групи во Скопје, иако состанокот на истите е одложен поради присуство на министерот Никола Попоски на денешниот Совет на ЕУ со Македонија, македонскиот шеф на дипломатијата рчее дека е легитимно е за секој да има проценка каква политичка провокација во определен контекст и време ќе даде, но дека е несериозно да се упатуваат дневно-полтички трикови на дневна фаза во услови кога Македонија има Совет со Унијата во Брисел.
- Македонија има институции кои во моментов имаат еден приоритет, а тоа е спроведување на Акцискиот план што го трасираше Владата со цел подобрување на целокупната клима и надминување на предизвиците од претходно и да се обезбеди чиста ситуација за тоа зошто не водиме преговори со ЕУ, туку чиста ситуација во која ЕУ ќе обезбеди формален почеток на преговорите. Немаме друга алтернатива, ако некој други има приоритети, тоа е друго, но граѓаните очекуваат предвидливост, што е потребна повеќе отколку калкулации, рече Попоски.
За тоа што овозможил Договорот од Скопје за крај на политичката криза, еврокомесарот Хан беше кус: - Договорот овозможува земјата да ја држи вратата отворена за евроатлантската перспектива, истакна еврокомесарот.
А, во однос на решавање на разликите околу прашањето за името со Грција, словачкиот министер Лајчак додаде дека „ЕУ го поддржува постоечкиот механизам под капата на Обединетите нации и нема амбиција да го замени тој механизам”.
- Чиниме охрабрување на сите страни да преземат најдобри напори да најдат решение под постоечкиот механизам и ја разбираме важноста на истиот и сакаме да видиме прогрес на истиот, рече Лајчак.
Сите соговорници се согласија дека со договорот од Скопје е отворена ширум вратата за овозможување на пристапни преговори на Македонија со ЕУ и можно членство во НАТО. А , следнито состанок на високо ниво, според комесарот Хан, ќе биде во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво што на 18 септември ќе се одржи во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца