-->
-->
„Успеавме да му ја спасиме ногата, во прашање беа минути“ - Игор Џамбазов излезе од болница
-->

По две успешни операции, на левата и на десната нога, Игор Џамбазов денеска ја напушти Специјалната болница „Филип Втори“. Примен беше на 21 јуни, а по направените прегледи веднаш беше извршена и операција.
За неговата состојба зборува медицинскиот директор на болницата Д-р Тања Анѓушева.
-Џамбазов дојде со јаки болки во левата нога, која му беше студена и модра. Се направи компјутерска томографија која покажа отсуство на периферна циркулација односно недоволно хранење на ногата со крв, во пределот од препоните надолу. Се донесе одлука за итно оперативно лекување . Со отстранување на ново настанатите акутни тромби и крвните садови се доби одлична циркулација. После оперативното имаше уреден проток на крвта. На компјутерт беше верифицирано дека има промени во циркулација на десната нога. Регистрирани се како хронични промени во висина на крвните садови на зглобот на коленото, поради што во втор акт се одлучи да се направи бај пас. На десната нога се употреби вена од истата страна и се направи премостување на запушениот дел. После оперативно циркулациски се доби одличен доплер наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична.
Престојот на Игор во нашата болница беше приказна која ќе се раскажува долго задари неговиот посебен дух. Му поставивме неколку прашаања а тој како и секогаш расположен за разговор онака непосреден, започнавме од неговото доаѓање овде ...

- Тука ме донесе проблемот кој се таложел со години и години нездрав живот. Моите бурни 30-ти и 40-ти. Уште за време на пробите за големиот концерт во Борис Трајковски пред скоро 2 години, почнав да чувствувам трнење во нозете кое во наредните неколку денови полека прераснуваше во непријатна болка. Се залажував дека тоа ми е од незгодната поза во која седам на шанк-столчињата за време на концертите, иако знаев дека не е така. Во последните две години интензитетот на тие болки беше се посилен и посилен после секој настап. Конечно, пред две недели, во Гевгелија се разбудив со двете нозе потполно вкочанети и целосно побелени. Едноставно не ги чувствував. Како да не беа дел од мене.
-И на самиот крај, големо БЛАГОДАРАМ на сите познати и непознати хомо-сапиенси кои дојдоа да ме видат, а и на сите оние кои ме подржуваа преку социјалните мрежи, а беа во огромен број. НЕ УДИРА ГРОМ ВО ВАКВА ДЕБЕЛА КОПРИВА!!!“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници