Условни казни затвор од една година за насилните протести во Тетово на 17 септември
Петмината приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица на 17 септември, денес во Основниот суд Тетово добија условни казни и ќе бидат пуштени на слобода, информираше еден од адвокатите во процесот. На обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември кој се организираше дента во Тетово при што беше побарана одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември .
– Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.
На 17 септември имаше протестен марш во Тетово од плоштадот па се до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален