Уште три пресуди за случајот „Двојник“
Три години ефективна затворска казна за Фарук Бути, а една година условна за обвинетите Весна Колевска и Бранислава Мишиќ, сите прогласени виновни за злоупотреба на службената положба и фалсикување на патни исправи во случајот “Двојник”. Ваква пресуда денеска донесе судијката Оља Ристовска, точно еден месец откако почна судењето за тројцата кои беа дел од поголема група обвинети лица, но кои не признаа вина за ова обвинение.
За издавањето на лажни пасоши обвинети беа вкупно 11 лица. Обвинителниот предлог за овој случај беше поднесен на 14 април. Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.
Претходно, екпресни казни добија осум од овие лица кои признаа вина. Судот им изрече затворски казни во траење од една година и 7 месеци, до две и пол години, а еден заработи условна казна. Тие во судницата признаа дека низ нивните раце минале над 200 фалсификувани пасоши за странски државјани со криминално досие.
Случајот со издавањето фалсифукувани пасоши го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, власта пак обвини за саботажа на истрагата која била во тек.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови