Уште шест дена до затворање на конкурсот за наградата „Жан Моне“
Делегацијата на Европската унија во Македонија потсетува дека на 20 ноември истекува рокот за испраќање пријави за учество на 15. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобрите достигнувања во покривање на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“.
Наградата ќе биде доделена во категориите: најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиумии/или на интернет) најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) и најдобра аматерска фотографија.
Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се авторски стории на тема: „ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во национални весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017.
Сториите треба да се однесуваат на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“, да се објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017 и да се потпишани со вистинското име на авторот, кој треба да е македонски државјанин.
Копии од новинарските стории во дигитален пдф формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на електронска адреса: JMcompetition@euic.mk најдоцнадо 20 ноември годинава во 18 часот.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември годинава.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава