Уште едно лице го загубило животот во сообраќајка
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди, вo во кои едно лице го загубило животот, а 11 лица се здобиле со телесни повреди.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Дваесет и три возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден пешак помал вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 60 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Вера Јоциќ“, општина Гази Баба и ОУ „Конгреси и Манастирит“, општина Чаир.
Со почеток во 18 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Работнички. За време на одржување на овој вонреден настан, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани