-->
-->
Уште една трагедија: Загина 4-годишно дете во сообраќајка во Скопје
-->
Вчера во 13 часот и 30 минути во Скопје, на улица „Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано 62- годишен Б. Б. од Скопје удрил во пешак – четиригодишно девојче од село Моране.
Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21 часот и 30 минути часот истата починала.
По незгодата Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Истиот е задржан во ПС Бит Пазар, а на денес ќе биде изведен пред надлежен судија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење