Уште една трагедија при сеча на дрва во малешевијата: Загина млад делчевец

Во несреќа со трактор загина 42-годишен жител на делчевското село Габрово. Според информациите од СВР Штип, несреќата се случила вчера кај месноста Кремењача во атарот на селото Габрово.
- До несреќата дошло откако Б.Д. роден 1975 година кој го управувал тракторот и кој бил со приколка и натоварен со дрва, изгубил контрола врз него, па тракторот се превртел при што Б.Д. паднал од тракторот, а врз него паднало левото задно тркало. Б.Д починал на самото место, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Таа истакна дека надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено на семејството.
Според очевидци, Б.Д. бил на сеча на дрво заедно со татко му и уште ден роднина. Инаку, во регионот ова е втора несреќа за неколку дена при сеча на дрва. На 9 септември при сеча на дрва во беровското село Владимирово загина 50-годишен сечач на дрва од Берово.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
