-->
-->
Уште една легенда се прости од фудбалот
-->
Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирлоизминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните минути во победата на Њујорк над Колумбус 2:0. Њујорк и покрај победата не успеа да мине во финалето во Источната конференција, бидејќи во првиот меч загуби 4:1.
Тренерот на Њујорк, Патрик Виера, го внесе во игра 38-годишниот фудбалер во 90 минута. Тие минути беа последни во кариерата на еден од најдобрите играчи од средниот ред во последните 15 години.
Андреа Пирло кариерата ја започна во Бреша во 1995 година, а потоа играше за Интер, Реџина, Милан, Јувентус, а последните две години ги мина во дресот на Њујорк Сити.
Најуспешниот период во кариерата го имаше во Милан, освои девет трофеи од кои најзначајни се оние во Серија А (2004, 2011) и во Лигата на шампионите (2003, 2007).
Со репрезентацијата на Италија стана светски првак во 2006 година. Италија по изведувањето пенали ја победи Франција 5:3, а тој беше успешен во првата серија.
За Италија има одиграно 116 натпревари, постигнал 13 голови, а на вечната листа според бројот на настапи за репрезентацијата го дели четвртото место со Даниеле Де Роси.
Англиските и Италијанските медиуми изминатите денови шпекулираа дека веднаш по завршувањето на играчката кариера Пирло би можел да му се приклучи на Антонио Конте во стручниот штаб на Челси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии