Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
Виетнам официјално е примен како „земја партнер“ во БРИКС, како дел од напорите за проширување на растечката група економии во развој, соопшти владата на Бразил.
– Како привремен претседавач со БРИКС, бразилската Влада го објавува формалниот прием на Виетнам како партнерска земја. Бразил ја поздравува одлуката на виетнамската Влада, се наведува во соопштението.
Бразил оваа година го предводи БРИКС и ќе претседава со самитот што треба да се одржи на 6 и 7 јули.
Виетнам е десеттата нација која го добива овој статус, што им овозможува на земјите партнери да учествуваат на самитите и на други сесии и настани на БРИКС.
БРИКС е меѓувладина асоцијација основана во 2006 година. На првичните членки Русија, Бразил, Индија и Кина, во 2013 година им се приклучи Јужноафриканска Република, а потоа и Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Во земјите од БРИКС живее речиси половина од светското население, групата има 37,3 проценти учество во глобалниот БДП и 43,1 отсто удел во светското производство на нафта
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП