-->
-->
Уште една авионска несреќа: Боинг со 154 патници падна при самото полетувањето
-->

Петнаесет лица се повредени откако авион излетал од пистата за време на полетувањето на аеродромот во западна Индија.
Сите 154 патници и 7 членови на екипажот биле итно евакуирани од Боингот 737 кој требало да лета за Мумбаи, а по несреќата завршил на локалниот автопат.
Еден од патниците ја опиша страшната несреќа велејќи дека авионот се мачел да полета но тоа било безуспешно, а неколку минути подоцна забележал црн чад и запонала целата паника во авионот.

Во авионот имало и бремена жена, а сите повредени патници се здобиле само со исекотини, модринки и скршеници на телото, пренесуваат тамошните медиуми.
Компанијата несреќата ја потврди преку соопштение во кое наведе дека причини за несреќата се технички проблеми на авионот.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
