-->
-->
Уште еден силен земјотрес во Иран, 42 лица повредени
-->

Најмалку 42 лица се повредени во силниот земјотрес со интензитет од шест степени по Рихтеровата скала, кој го погоди југоисточниот дел на Иран.
Повеќето се повредени во моментите кога побрзале во засолништата. Иранската државна телевизија соопшти дека во земјотресот се уништени и неколку куќи.
Епицентарот на земјотресот бил 58 километри североисточно од градот Керман, а на длабочина од 10 километри.
Минатиот месец, во земјотрес со интзитет од 7,3 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди западниот дел на Иран, загинаа 530 лица, а над 9.000 беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
