Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет
Французинката Натали Ајмонт, која предизвика големо внимание кај интернет-заедницата заради потрага по убавиот Австралијанец со кој останала бремена, призна дека целата приказна е измислена.
Таа се вика Ализ Мичел (26), студира маркетинг и туризам. Ден по објавувањето на нејзиното видео каде „само сака повотрно да го види мажот, а ако тој не сакал да има повеќе врска со неа - во ред е, на нејзиниот Јутјуб канал се појави ново видео каде признава дека станува збор за измама.
„Го пронајдов“, се воведните зборови во снимката каде објаснува дека станува збор за волонтерка која се одглумила, а кампањата ја покренала туристичка агенција со цел привлекување на медиуми во нивниот град.
- Знам дека многумина ќе бидат вознемирени заради ова, но оваа млада дама не е за ништо виновна, се сама почнав, изјави сопственикот на компанијата Енди Селар.
Оваа приказна уште еден доказ за сите успешни инернет-измами и подметнувања во т.н. свет на вирален маркетинг.
Ново на Сител
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање
-
Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари