Уште две лица загинаа во протестите во Венецуела

Две лица загинаа во вчерашните протести во Венецуела, а девет други се ранети, јавија американските медиуми, повикувајќи се на податоци на главниот обвинител на земјата.
Вчерашниот генерален штрајк во земјата, организиран од опозицијата, ги испразни улиците на престолнината Каракас, соопшти ДПА.
Штрајкот беше организиран како форма на притисок врз претседателот Николас Мадуро да се откаже од плановите за уставни реформи. Целта на демонстрантите беше да се спречи намерата на Мадуро на 30 јули да организира избори за членови на уставотворно собрание, што потоа ќе напише нов Устав на земјата, со кој ќе им се обезбеди мнозинство на владејачките социјалисти, кои со земјата управуваат уште од 1999 година.
На парламентарните избори во декември 2015 година опозициската Коалиција за демократско единство освои мнозинство и контрола врз Парламентот. Оттогаш опозицијата повикува на референдум за отстранување на претседателот Мадуро и за одржување нови претседателски избори.
Ново на Сител
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
