Уште 30 дена неплатените сметки за вода може да се платат на рати и без камата
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните дека акцијата за наплата на долговите на рати и без камата е во тек.
Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која почна на 17 јуни 2020, завршува на 31 јули 2020 година.
ЈП „Водовод и канализација“ ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање и дека по истекот на овој период, одлуката престанува да важи.
– Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете, посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
За сите дополнителни информации, граѓаните ќе можат да се обратат на:
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk
– www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
