Ушковски: СЈО изврши влијание врз судството
Специјалното јавно обвинителство на одржаната прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави се со цел да изврши влијание врз судството, изјави денеска претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски.
- Во однос на одредени инсинуации во изминатите неколку денови. Сите сме сведоци дека деновиве преку директни или индиректни притисоци и влијанија врз судскиот систем, кои за жал во последно време пристигнаа и од некои новоформирани институции со кое преку нивната изјава ја нарушија независноста на судството, како и презумцијата на невиност на судиите, истакна Ушковски.
Тој тоа го изјави во рамки на четвртата тркалезна маса за улогата на Судскиот совет и највисоките судови во заштита на судиите од мешање во нивната независност и за можните влијанија врз судството и клучната улога на мерит системот во изборот на судии која се одржа денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
- Специјалното јавно обвинителство на одржаната нивна прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави се со цел да извршат влијание врз судството. Тие како странка во постапката немаат супермација во однос на другата странка за кои постои само сомневање па со тоа постапија спротиво на Уставот на Република Македонија и спротивно на законите, а воедно со нивните дадени изјави, истовремено давајаќи и опис на наводното дело, во исто време и посочувајќи ги и функциите на лицата со тоа од нивна страна е направено најголемо влијание врз судството во конкретниот случај, покрај нарушенаат независност на судството во целина, направена е и најголемата повреда презумција на невиност на судиите споменати од одреден суд, нагласи Ушковски.
Со нивната последна изјава, продолжи Ушковски, дека судството пропуштило историска шанса, за жал повторна ја нарушија независноста на судството.
- Од ниту некоја странка во оваа постапка сме известени, ниту пак за некој судија е побарано симнување на имунитет, ниту пак за некој судија е оформен предмет во судот. Затоа апелирам до сите нас како судска власт секогаш и по секој повод да се придржуваме до презумција на невиност, истакна Ушковски.
Во врска со последните, како што наведе, инсинуации кои му се наметнуваат на судството како формирање на специјални судови, истакна дека Уставот на Р.М. во член 98. е сосема јасен и децидно забранува вонредни судови, и во таа смисла ниту во Уставот, ниту во законот на некого му дава за право да гради некоја перцепција и да посочува специјални судови.
Претседателката на Управниот суд Скопје Јетмире Ајдини Бошњаку во тој контекст рече дека сите одлуки на Управниот суд се непристрасно донесени согласно доказите кои судиите ги имале кон конкретните предмети.
- Сите одлуки на Управниот суд се јавно достапни и на сите граѓани на Македонија на нашата веб страница и сите граѓани можат истите да ги видат. Граѓаните можат да ги видат доказите врз основа на кои судиите истите одлуки ги засновале, затоа секоја форма на вака изнесени изјави од разни страни ги сметаме како директен упад врз нашата независност, а особено на судиите на Управниот суд, истакна Ајдини.
Сакаме да кажеме на јавноста, продолжи таа, дека Управниот суд нема да падне на вакви притисоци сега кога не очекувата избори и нема да дозволиме никој да ни се меша во нашата независност.
Ново на Сител
-
Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови
-
Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО
-
Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години