УС Опен: По првиот ден елиминиран ланскиот финалист Нишикори

Ланскиот финалист на УС Опен Јапонецот Кеи Нишикори го загуби мечот во 1.коло на истиот турнир, а меѓу гледачите се преселија српските тенисерки Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ, Катарина Плишкова, Слоун Стефанс, Карла Суарез Наваро (жени) и Гаел Монфилс (мажи).
Беноа Пер го направи најголемото изненадување на првиот ден и со 3:2 во сетови го елиминира Нишикори.
Од фаворитите пласман во второто коло обезбедија Новак Ѓоковиќ, кој загуби само три гема против Бразилецот Жоао Соуса, Рафаел Надал го победи со 3:1 во сетови Хрватот Борна Ќориќ, додека ланскиот шампион Марин Чилиќ беше поуспешен од Гуидо Пеља.
Во женска конкуренција од фаворитките „првата пречка“ ја минаа сестрите Вилијамс, како и Агнешка Радванска.
Денеска се играат другите мечеви од првото коло.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
