-->
-->
УС Опен: Ново финале за Ѓоковиќ
-->
Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето шесто финале на УС Опен, откако во полуфиналето, за помалку од 90 минути, го декласира бранителот на титулата Марин Чилиќ со 6:0, 6:1, 6:2.
Ѓоковиќ во полуфиналето го одигра својот најдобар меч во досегашниот тек од УС Опен и веројатно еден од своите најдобри мечеви оваа сезона, додека Чилиќ која ја бранеше титулата делуваше индиспонирано и го доживеа еден од најтешките порази во кариерата.
Српскиот тенисер славеше и во 14-от дуел со Чилиќ, а в недела ќе го игра своето 18-то Грен слем финале.
Од самиот почеток на мечот Ѓоковиќ беше максимално концентриран, од првите 15 гемови доби 14, додека Чилиќ како воопшто да не беше присутен на теренот. Изговор за слабата игра на Чилиќ не може да му биде ниту повредата на скочниот зголб со која има проблеми уште од четвртото коло.
Мал блесок Хрватот имаше во третиот сет кога успеа да му го одземе сервисот на противникот и да израмни на 2:2, но до крајот на сетот Ѓоковиќ лесно доби четири гема во низа и да го заврши мечот.
Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде Роџер Федерер или Стен Вавринка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција