Урош Туркулов преживеа тешка сообраќајка во која загинаа две лица
Пејачот со македонско потекло Урош Туркулов, доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, а за жал во таа незгода починаа две лица.
Кобната сообраќајка се случила ноќта помеѓу 08 и 09 август на магистралниот пат Колашин – Мојковац во местото Требаљево во Црна Гора, кога возило од марката Сузуки влегло во спротивната насока и дошло до директен судар со возилото на Урош кое застанало пред сударот.
Нашиот Урош во тој момент спиел на задното седиште.
Урош за Штип.мк изјави дека покрај големите болки во моментот се наоѓа во добра здравствена состојба и според сите проверки и наоди добро заздравува.
-Сега сум добро имам неколку скршени пршлени, повреди на носот и градите, но сепак после деталниот преглед и брзата интервенција сум во добра состојба и добро заздравувам, рекол Урош.
Најверојатно возачот на Сузукито заспал при што возилото изгубило контрола. Од несреќата едно лице починало на самото место додека подоцна починал уште еден патник од возилото Сузуки.
Урош по закрепнувањето се огласи на социјалните мрежи со пораката: „Му благодарам на Господ што останав жив и покретен. Ова беа едни од најтешките денови за мене“!
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите