Урнато легендарното мафијашко казино „Тропикана“ во Лас Вегас

Последното казино од ерата на американската мафија во Лас Вегас, познатиот хотел-казино „Тропикана“, денеска е урнат во контролирана експлозија во раните утрински часови. Сѐ тоа - настанот е проследен и со огномет, објави „Тудеј“.
На местото на познатото казино ќе се гради нов стадион за тамошниот бејзбол-клуб, пишува „Гардијан“.
- Лас Вегас ќе си остане во стилот на Лас Вегас... Ја претвори оваа експлозија во спектакл, изјави Џеф Шумахер, историчар и потпретседател на Музејот на мафијата.
„Тропикана“ е третото најстаро казино во Лас Вегас, коешто беше затворено во април оваа година, по 67 години работа. Местото е длабоко поврзано со организираниот криминал, главно преку озлогласениот мафијаш Френк Костело, кој беше застрелан во главата во Њујорк неколку недели по отворањето на „Тропикана“, но успеа да преживее, потсетуваат медиумите во САД.
Полицијата во џебот од палтото му пронашла парче хартија со точниот износ на заработката во „Тропикана“, со што се открило учеството на мафијата во казино-бизнисот. Веднаш била покрената истрага за „Тропикана“, а сѐ тоа заврши со пет пресуди...
Следствено, првичната зграда на казиното одамна ја нема, бидејќи целиот комплекс е целосно реновиран во 1990-тите.
Од „мафијашката ера“ во Лас Вегас сега остана само комплексот казино „Фламинго“.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
