Свет
14. October 2016 - 8:54

Ураганот „Никол“ ги зафати Бермудските острови

Ураганот „Никол“ ги зафати Бермудските острови, предизвикувајќи поплави и оставајќи без струја над 26. 000 лица, пренесоа американските медиуми.

Бурата од трета категорија беше придружена од ветрови со брзина од 185 километри на час, кои соборуваа дрвја и носеа покриви од куќите.

Според метеоролозите, ураганските ветрови ќе продолжат и во текот на денот.