Лоренцо носи огромни бранови ширум северниот дел од Атланскиот океан додека се движи североисточно кон Ирска и Велика Британија и слабее во ураган од прва категорија.
Американскиот Национален центар за урагани во Мајами соопшти дека брановите кои ги носи Лоренцо можат да се почуствуваат долж источниот брег на САД и Канада, на Бахамите и во делови на западна Европа и предупреди дека Лоренцо веројатно ќе биде прилично силен циклон кога ќе стигне до Ирска во четврток вечер.
Португалскиот премиер Антонио Коста рече дека рано утрово разговарал со официјални лица од Азорските острови, како и дека констатирале дека се укажува дека работите не се толку лоши колку што се стравувало.
Азорските острови опфаќаат девет вулкански острови и на нив живеат 250.000 жители.
Додека Лоренцо се приближува, за седум од нив е прогласен црвен аларм, а училиштата и владините канцеларии не работат, додека на луѓето им е советувано да не излегуваат надвор.
Откажани се сите авионски летови од архипелагот и кон него, а затворени се и одредни пристаништа.