Ураганот Хосе се приближува кон САД, издадено предупредување за тропска бура
Предупредување за тропска бура е објавено за дел од американската област Нова Англија, додека ураганот Хосе се приближува кон североисточниот брег на САД.
Националниот центар за урагани на САД, со седиште во Мајами, соопшти дека предупредувањето стапи во сила за делот кој се протега од Воч Хил во американската сојузна држава Роуд Ајланд до местото Хал во сојузната држава Масачусетс.
Се очекува дека бурата ќе остане вон брегот, но се предупредува дека во наредните неколку денови можни се крајбрежни поплави на подрачјето од сојузната држава Делавер до североисточната област Нова Англија.
Од Центарот во Мајами наведуваат дека се очекува мала промена на јачината во наредните 24 часа и дека бурата подоцна малку ќе ослабне.
Најсилните ветрови денеска беа речиси 120 километри на час.
Ново на Сител
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50
-
Приведени двајца малолетници, фатени при кражба од црква
-
Најголемиот камен од марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола