Ураганот Фиона продолжува да беснее во централнот дел на Карибите

Ураганот Фиона од синоќа се приближува кон островите Туркс и Каикос, откако бурата донесе обилни дождови во Порторико и Доминиканска Република.
Национален центар за урагани соопшти дека Фиона станала голем ураган, а ветерот достигна брзина од 185 километри на час и се очекува да се засили во наредните денови. Според синоптичарите невремето ќе продолжат да предизвикуваат поплави опасни по живот низ Порторико и источниот дел од Доминиканска Република.
– Штетата предизвикана на инфраструктурата, урбаните области и резиденциите е катастрофална, изјави вчера гувернерот на Порторико. Тој истакна дека многу од областите се соочија со полоши поплави отколку тие во 2017 година кога ураганот Марија ја опустоши територијата на Островот. Националната гарда спаси повеќе од 900 луѓе од поплавите и од лизгање на земјиштето. Пријавени се најмалку два смртни случаи, а многу луѓе останаа без водоснабдување во Порторико.
Властите соопштија дека синоќа напојувањето со електрична енергија било обновено кај повеќе од 114.000 луѓе, откако бурата ја прекинала струјата низ островот. Во Доминиканска Република, невремето предизвика затворање на пристаништата и плажите. Метеоролозите очекуваат бурата в четврток да се приближи до Бермуди како ураган со поголема категорија.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
